• Сподели на:

Не бегајте од сонцето!

___

Намалувањето на витамин Д поврзан е со повисок ризик од смрт.

Критичарите на ова истражување истакнуваат како резултатите се преувеличени: Недостаток на витамин Д може коските да ги направи покршливи и да ве направи летаргични, но нема да ве убие.

Со сончање не треба да се претерува, тоа го знаат сите. Но, сепак, не е добра ни другата крајност и во потполност да се избегнува изложување на сончеви зраци, советуваат светските истражувачи.

Према студијата на истражувачите од Каролиншкиот институт, порастот на смртност двојно се зголемил поради избегнувањето на жените да се изложуваат на сонце, во одност на испитаничките кои најмногу се сончале. До овој заклучок стигнале откако ги анализирале податоците на 30.000 жени на возраст помеѓу 25 и 64 години. Резултатите ги објаснуваат со недостаток на сончевиот витамин, кој претходно е поврзан со повисок ризок од смртност поради болести на крвниот состав или дури агресивни облици на рак на кожата.

Критичарите на ова истражување истакнуваат дека резултатите се преувеличени: Недостаток на витаминот Д може коските да ги направи покршливи и да ве направи летаргични, но нема да ве убие.

Знаете ли зашто витаминот Д го нарекуваме сончев витамин?

Витаминот Д оддамна е нарекуван сончев витамин бидејки нашето тело го ствара после изложување на сончевите зраци. Доволно е да се поминат 15-тина минути без заштита на сонце за да се синтетизира 90% од дневната потреба за овој витамин. Негови извори во храната се јајца, млеко, јогурт, туна, лосос и сок од портокал.


Оставете коментар

___