Со помош на разни графики и цртежи, Helen Meldahl ни покажува колку може да биде интересно креирањето на селфи. Додека некому за креирање на вакви фотографии му се потребни деколте и задник во топ форма, оваа девојка користи само малку фантазија и креативност.
Нејзините селфи се разликуваат од глобалниот тренд и нѐ потсетуваат дека има нешто повеќе од голотијата. Бидејќи тоа е еден вид автопортрет, таа при сликањето на самата себеси користи пеперутки, балони, самовили… За секое расположение тука е одговарачкиот цртеж, а зад секоја графика стои и соодветна порака.
После овие селфи фотографии сите други делуваат малку обично, зар не?








You must be logged in to post a comment Login