• Сподели на:

Машки критериуми: Што прави совршената девојка

___

Кажете му директно што мислите, бидете му поддршка и приредете му мало изненадување – и мажите ги сакаат

 Мажите се огласија! Ова се нивните критериуми за тоа каква треба да биде совршената девојка.

 1. Кажи што мислиш

 Мажите сакаат жени кои искрено знаат да кажат што ги мачи. Не сакаат кога мора да погодуваат дали им се лути или не, и да откриваат што направиле погрешно. Подобро веднаш да им кажеме кога нешто не е во ред.

2. Биди му поддршка

Баш како тебе, и тој има право да се лути, да биде уморен или нервозен. Совршената девојка ќе му ја понуди својата помошво решавање на проблемите, а потоа ќе го остави на мира, онолку колку што е потребно таквите емоции да се смират.

3. Мало изненадување

Мажите исто така сакаат мали знаци на внимание, иако честопати мислат дека таквите изненадувања ги сакаат само жените. Тоа најдобро му покажува колку тој ти значи, а со самото тоа ќе го поттикне и тој да биде уште подобра кон тебе.

4. Благодарност

Тој не може да ги чита твоите мисли, па сигурно понекогаш би сакал и да слушне зборови на благодарност. Секој сака да биде ценет, но не се сите добри во читањето на таквите знаци. Немој само да ги очекуваш, туку јасно и гласно заблагодари му се за сите работи кој тој ги прави.

5. Комплименти

Уште една работа за кој погрешно се смета дека ја сакаат само жените. Мажите сакаат да се чувствуваат посакувано, па така комплиментите се задолжителен дел од секој однос. И тоа не мислиме само на оние кои се поврзани со неговиот изглед.


Оставете коментар

___