• Сподели на:

Која е идеална разлика меѓу мажите и жените?

___

Големата разлика во годините помеѓу партнерите полека престанува да биде табу тема. На тоа можеме да се заблагодариме на холивудските звезди, кои први имаа храброст да ги обелоденат своите врски со многу помлади партнери. Секако, таквите врски и понатаму не перцепираат како најприродни.

Млада жена, многу постар маж – Многу жени кои се забавуваат со постари мажи тоа го прават со потсвесна желба некој да ги милува, пази, да ги земе за рака и да го поминат животот. Тие постари мажи се најчесто успешни, позади себе имаат веќе изградена кариера и способни се да помогнат, како финансиски така и со совет. Од друга страна, тоа често може да прерасне во заповед и пракса да тој маж го учи животот и дека треба да го слуша.

Постара жена, помлад маж – Ова би можело да биде добро решение и поради оние народни изреки, “таа знае, а тој може”. Помладиот партнер бара поддршка и затоа бара искуство со позрела жена. Жената може да избере значајно помлад партнер од желба за подмладување, како и поради можното неостварено мајчинство, па преку мажот пробува некој да воспита.

Идеална разлика – Психолозите сметаат дека идеална разлика помеѓу партнерите е седум години и дека е малку подобра варијанта кога мажот е постар.


Оставете коментар

___