Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ЛАЈФСТАЈЛ

Кога ќе се соблечат странци

Да бакнеме странец, тоа и не ни е толку тешко да замислиме. Но, да се соблечеме пред тотално непознат човек? Хммм, чудно, симпатично…?

Бугарската режисерка Татја Пилиева која пред неколку месеци нѐ воодушеви со краткото видео „First kiss“ (Прв бакнеж), посветено на моментот кога се бакнуваат целосни странци, повторно реши да направи видео со слична тематика.

Овојпат, на снимката „Undress me“ (соблечи ме), Татја одлучи да ни прикаже како се чувствуваат 20 личности кои не се познаваат во чудниот момент на соблекување на облеката.

„Замолив потполни странци да ја соблечат облеката еден од друг и да легнат во кревет, ништо повеќе. Потоа ги оставив да прават што сакаат. Без било какви правила“, објаснува Пилиева.

Спотот е повеќе од само интересен, особено кога дечкото ѝ ги соблекува панталоните на девојката со кинење, а таа му вели „… тоа се моите омилени панталони…“, до девојката која му вели на момчето : „… морам да те предупредам дека многу се потам штом станам нервозна…“.

Моќно, емотивно и симпатично.

Видеото е инаку, своевиден омаж на експериментот кој William Masters и Virgina Johnson, пионери во истражуважувањето на човечката сексуалност, го спроведоа во средината на 60-те години од минатиот век, кога целосни странци требаа да спијат заедно.

httpv://www.youtube.com/watch?v=pKZa-Kb4Nng

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...