Дали можете да погодите кои од познатите се најинтелегентни на Твитер?
Со помош на посебно осмислена алатка Тајм Магазин на интарнет која ги анализира вашите твитови и пораки, можно е да се оцени калку сте интелегентни, пренесува британскиот Мари Клер.
Кога Тајм го користи споменатото мерење, анализирал преку 500 познати луќе кои имаат профили на Твитер, меѓу кои биле и топ профили на луѓе како Обама, Леонардо ди Каприо, Кевин Спејси и други. Крајниот резултат покажал дека американскиот глумец Леонардо ди Каприо е најинтелегентната особа на Твитер.
Алгоритамот SMOG (Simple Measure of Gobbledygook) ги мери последните 20 постови на некои особи на Твитер, давајќи после тоа крајна оценка.
Она што посебно изненадило е фактот дека Парис Хилтон е оценета како далеку подобра од англискиот комичар Стефан Фреј и писателката Џ.К.Роулинг.
Ќе помислите дека фразата како „wingardium leviosa“ е далеку покомплексна и поинтелегентна од оние кои ги користи Госоѓицата Хилтон, но сепак изгледа дека не е така.
Раперот Лудакрис исто така ги шокираше сите кога се најде на четвртото место на листата, веднаш позади водителот Џими Кимел, додека Питбул подобро котира од Опра Винфри!!?
Што се однесува до политичарите, Обама е оценет за нијанса подобро од британскиот премиер Дејвид Камерон.
Топ 10 најинтелегентни личности на Твитер:
1. Леонардо ди Каприо
2. Пети Малет
3. Џими Кимел
4. Лудакрис
5. Групата Грин Деј
6. Семјуел Л. Џексон
7. Ашер
8. JWOWW
9. Виклеф Џин
10. Џеси Џеј

You must be logged in to post a comment Login