• Сподели на:

Како да научите да купувате паметно?

___

Во продавница секогаш одете со листа и никогаш не купувајте го она што не е на неа. Единствен исклучок може да се направи кога станува збор за промоции, но и таму треба да се биде внимателен.

Штедете кога имате, а немате – вели познатата изрека, која во потрошувачкото општество е се потешко да се примени. Сепак, тоа не е невозможно, само треба да сте дисциплинирани и организирани, што е особено точно за оние кои на крајот на секој месец се прашуваат каде им отишле парите.

Почнете со храната – пред да одите во супермаркет, обавезно јадете, затоа што истражувањата покажуваат дека кога сме гладни, купуваме повеќе. Во продавница секогаш одете со листа и никогаш не го купувајте она што не е на неа. Единствен исклучок може да се направи кога станува збор за промоции, но и кон нив треба да се биде внимателен за да не се вратите дома со нешто што не ви треба.

Попустите се опасни кога станува збор за облека. Ако навистина не може да им одолеете на новите крпчиња, не треба да се оправдувате себеси како немате што да облечете, доволно е да се избере мудро – наместо фустани, купете здолниште што ќе биде во можност да се комбинира со неколку работи кои веќе ги имате во вашиот плакар.

Можете да заштедите ако ги промените вашите дневните навики: наместо да купувате  сендвичи, подгответе ручек за работа од дома – тоа е поевтино и поздраво; намалете го внесувањето на алкохол и кафе; откажете се од членство во теретана во текот на летото, можете да вежбате и дома.


Оставете коментар

___