Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ЛАЈФСТАЈЛ

Како да добивате се што ќе посакате

Повеќето жени се срамат да побараат што сакаат на работа, а кога мораат , тие не знаат како. Еве ви добри предлози…

 

1. Научете да кажете не

Но, не така што навистина ќе кажете не. Пример: шефот ви дава дополнителна работа кога сте веќе зафатени. Смирено прашајте го: Што сакате да завршам прво?

 

2. Никогаш не го жртвувајте семејниот живот

Ако побараат да работите прекувремено , а вие веќе имате нешто планирано, објаснете го тоа, но не давајте многу детали што е тоа. Вашиот приватен живот е единствено само ваш, ако сакате тоа да остане така.

 

3. Делегирајте

Ако сте резервирале зимување, неколку недели или месеци порано, сигурно тоа нема да го откажете во последен момент , бидејќи излегол некој важен проект . Најдете соодветна замена  на себе и добро информирајте ја за тоа што треба да се направи.

 

4. Урамнотежете се

Ако сте вознемирени во врска со нешто, а треба да имате состанок со шефот, почекајте додека не ја вратите контролата над себе и претставете го проблемот смирено.

 

5. Замислете го најлошото сценарио

Ако не сте сигурни , секогаш помислувате на најлошото можно сценарио. Тогаш ќе видите дека најлошото што може да ви се случи е колегите да не се согласуваат со вас, а тоа не е толку страшно , зар не?

 

6.Израз на лицето наречен скромен мудрец

Кога барате нешто,  важно е сè, па и изразот на лицето . Ние ви го предлагаме изразот од погоре!

 

7. Вештина за компромис

Тоа е многу важна вештина, бидејќи секој проблем има решение. No hard feelings!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement