Новата опција на Фејбук ќе ви овозможи да ги зачувате содржините кои сакате подоцна да ги прочитате.
Опцијата “save” овозможува да ги зачувате работите кои се објавени на вашиот new feed. Така ќе можете спотовите,линковите, и разни други работи да ги прочитате или изгледате кога ќе имате повеќе време. Се што чувате ќе биде приватно, а ако сакате можете подоцна да го споделите со пријателите. И не треба да се грижите, Фејсбук од време на време ќе ве потсети дека имате зачувани работи.
Доколку сакате нешто да зачувате, треба само да кликните на иконата Save во долниот десен агол на постот или на опциите од горниот десен агол. Се што ќе зачувате ќе биде сместено во иста категорија.

You must be logged in to post a comment Login