Лубеницата е совршено летно овошје. Таа е ладна, слатка и полна со течност, но освен за освежување, може да послужи и за многу повеќе…
Со неколку движења на ножот, оваа летна свежина можете да ја трансформирате во совржен “ладилник” за пијалоци. Проверете ги овие два начина како лубеницата може да се “искористи” во алкохолни цели.
Буре од лубеница
Прво исечете го горниот дел од лубеницата за да би можела да стои, а потоа исечете го и поголемиот дел од спротивната страна. Извадете го делот кој се јаде (може да се искористи и за коктели), наполнете го со алкохолен пијалок по желба. Користејки нож или чистач за јаболки, направете мала дупка од страна, ставете некое цревце или во краен случај вентил од чешма и…имате буре.
httpv://www.youtube.com/watch?v=WT_uQLc5-6w
Алкохолна жештина за јадење
Подножјето на лубеницата завиткајте ја во крпа да не се истркала. Со нож направете дупка голема колку грлото на шише вотка која ќе ја служите. Со лажица извадете мал дел од лубеницата и потоа забијте го шишето водка во лубеницата за да може да се истури цела во неа. Лубеницата би требало да ја впие цела водка во неа во рок од 4 – 12 часа, во зависност од нејзината големина. Кога ќе се испразни цел алкохол, слободно послужете ја (во мали парчиња) на гостите.
httpv://www.youtube.com/watch?v=PL8aEmVDRTk

You must be logged in to post a comment Login