Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ЛАЈФСТАЈЛ

Дали сака врска или секс: Погледот го разоткрива!

Дали е во прашање ромаса со перспектива или минлива страст, може да ви помогне неговиот поглед!

Студијата е спроведена на универзитетот во Чикаго тврди дека разликата меѓу љубовта и пожудата можеби сепак лежи во погледот.

За што станува збор – партнерот се фокусира на вашето лице доколку вас ве смета за потенцијална девојка, а неговиот поглед паѓа на вашето тело доколку чувствува само сексуална желба.

Иако малку се знае за тоа како луѓето всушност се заљубуваат, овие обрасци се првите индикации дека погледот може да направи разлика меѓу љубовта и страста – тврди авторката на студијата објавена во магазинот Psychological Science, Стефани Кациопо.

Тим од стручњаци ги анализирал визуелните обрасци како би дефинирал две различни емотивни и когнитивни состојби кои често тешко се разликуваат: луљов и желба. Испитаниците посматрале фотографии на луѓе кои никогаш не ги сретнале, и тоа фотографии на парови кои гледаат еден во друг, а потоа привлечни луѓе кои гледаат директно во фотоапаратот.

Од нив е побарано да одредат дали фотографиите ги доживеале како романтични или сексуални желби. Анализата која го следела погледот на испитаниците утврдила дека всушност испитаниците се фокусирале на лицето кога фотографијата ја окарактеризирале како израз на љубов, и на телото кога ја доживувале како желба.

Занимливо е дека ефектот бил идентичен и кај мажите и кај жените а проценката на овие емоции се случувала за помалку од секунда. Значи, внимателно посматрајте, бидејќи само со еден поглед сосема сигурно можеме да утврдиме дали само страст пука на сите страни или можеме да рачунаме на она „живееја среќно до крајот на животот“.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement