Од 2015 година, одреден број на парфеми ќе бидат забранети или ќе се ограничи употребата од некои важни состојки кои тие ги содржат, поради опасност од алергии.
Согласно податоците од европската комисија, 15 милиони европјани болуваат од алергија.
Ако вашиот омилен парфем е “Chanel 5”, “Miss Dior”, “Shalimar”, “Angel”, “Lancôme”, или “Armani code”, направете залиха, бидејќи од 2015 година постои опасност дека нема да можете да го купите.
Европската комисија, почитувајќи ги препораките на научниците за штетноста на одредени состојки во популарните парфеми, одлучила од идната година да ја забрани продажбата на овие парфеми на европскиот пазар, доколку содржат состојки кои предизвикуваат алергени дејства.
Еден од омилените парфеми во светот “Chanel 5”, се произведува повеќе од 90 години, а согласно новите прописи ќе биде забранет, бидејќи содржи екстракт на мов кој е штетен по човечкото здравје.
Основачката на компанијата “Николаи парфеми”, изјавила дека Брисел претерува, особено ако се земе во предвид продажбата на алкохол и цигари кои слободно се продаваат и кои се многу поштетни отколку парфемите.
Забраната на Европската комисија предизвика жестоко негодување меѓу производителите бидејќи индустријата за парфеми обезбедува огромен профит, особено во француската економија.
“Кога воведувате нови прописи, морате да водите сметка тие да бидат добри за здравјето на луѓето, но и за секторот кој го нуди производот. Затоа забранивме да се употребуваат само три состојки, додека научниците сметаат дека би требало да бидеме построги во забраната”, изјави Дејвид Хадсон од секторот за заштита на потрошувачите на Европската комисија.
Само во Франција парфемите носат годишна заработувачка од 18 милјарди евра, а производителите за 5 години ќе мораат да се прилагодат на новите прописи.
Се проценува дека околу 90% од производите ќе морат да подложат на промени, што особено ќе ги погоди малите производители.



You must be logged in to post a comment Login