Човечкото лице е платно на неговата душа, a емоциите се оние кои го управуваат неговиот израз.
Изразите на лицето им овозможуваат на луѓето да ја откријат емоционалната состојба на другите, а научниците од Универзитетот ” Охајо” идентификуваа вкупно 21 изрази на лицето, пишува ” Дејли Меил”.
Ги анализираа и фотографираа лицата на испитаниците во различни ситуации и констатираа дека сите на сличен начин ги користат мускулите на лицето при експресијата на среќа, тага и изненадување.
Во моментите на среќа образите се подигнуваат, устата и очите се широко отворени, а среќно изненадениот човек ги подига веѓите и широко се насмевнува. Ако изненадувањето е непријатно, тогаш лицето ќе открие смеса од изненадување и гнев, со отворена уста во форма на буквата О и намуртено чело , велат истражувачите.
” Севкупно има 21 различни изрази на лицето, а колку повеќе емоции се вклучени , толку е потешко да се препознае како некој се чувствува . Сепак, добивате впечаток дали тоа добро или лошо расположение “, вели авторот на студијата Алекс Мартинез.
Додава дека подоброто разбирање на чувствата преку изразот на лицето може да помогне во лекувањето на болестите , на пример, аутизам и ПТСР .
Емоции препознатливи на лицето:
Среќа
Тага
Страв
Гнев
Изненадување
Одвратност
Лутина
Среќа и изненадување
Среќа и згрозување
Тага и страв
Тага и гневност

You must be logged in to post a comment Login