• Сподели на:

9 чекори до подобра и подолга ерекција

___

На мажите многу им е важно добро да се покажат во кревет, а над се најважно им е дола да бидат на на врвот на задачата. Постојат многу третмани кои продолжуваат и ја зајакнуваат ерекцијата, но може да поминете и без третмани ако се придржувате на следните работи.

  1. Не мастурбирајте често – Немојте да се трошите на мастурбација, туку чувајте се за вашата партнерка. Сите можат до толку да се контролираат.
  2. Немојте премногу да пушите и да пиете – Поради цигарите имате послаба циркулација, а добрата циркулација е многу важна да можете да се возбудите. Тоа е уште една причина да ги оставите цигарите. Алкохолот исто така е лош кој делува на одржување на ерекцијата, затоа немојте да претерувате.
  3. Вежбајте – Правете вежби за стомак. Тоа ќе ви го зајакне абдоменот. Важно е да бидете во форма и да го одржувате физичкото здравје, бидејќи на прво место да бидете самоуверен. Ќе се чувствувате подобро во своето тело и ќе бидете расположени за секс.
  4. Чувајте ја силата – Немојте да се заморувате. Ако се исцрпувате, ерекцијата нема да ви биде така цврста. Научете кога треба да застанете.
  5. Внимавајте на лековите кои ги пиете – Лековите како за депресија или слични болести многу често ги конзумираат многу луѓе. За жал, овие лекови се многу лоши за ерекција. Ако ги пиете овие лекови, разговарајте со докторот да проверите дали можеби претерувате.
  6. Ограничете ја својата чувствителност како би можеле да издржите подолго – Класичниот начин за спречување на чувствителноста е носење на кондом, кој секако мора да го користите. Ако сте со сигурна партнерка, можете да го намалите чувството на други начини. Размислувајте за нешто друго во сред сексот ако ви се чини дека пребрзо ќе ејакулирате, но внимавајте да не ја изгубите ерекцијата.
  7. Смирете се – Што се поопуштени и што повеќе уживате во моментот, ќе бидете солидни доле.
  8. Наместете се добро – Немојте да бидете во поза која не ви одговара, туку секогаш бирајте ја онаа поза во која го покажувате својот максимум и во која најмногу уживате.
  9. Јадете добро – Многу е важно и да се храните здраво. Немојте пред сексот да јадете тешка храна или храна која тешко се вари.

Оставете коментар

___