Не нѐ привлекуваат исти работи, но постојат универзални трикови со кои се доаѓа до возбуда и секогаш треба да се проба нешто ново. Ако сте западнале во рутина, обидете се да го загреете креветот со некои од овие совети. Пронајдете начин вашиот партнер да ги дознае триковите од подолу и разбудете ги страстите во вашиот сексуален живот.
1. Сексот не е трка
Мажите не сакаат кога жените ги брзаат, а ние не сакаме кога мажите се концентрираат само на една ерогена зона, како да не постојат другите. Затоа забавете, истражувајте и најважното од сѐ, забавувајте се до максимум. Пронајдете ритам кој ви одговара и на двајцата и уживајте во секој момент!
2. Масажа на главата за загревање
Секоја масажа може да ја засили возбудата, но можеби ќе ве изненади дека истото важи кога е во прашање и масажата на главата. Жените уживаат во тоа чувство на опуштеност кое се шири по целото тело. Списанието Maxim им препорачува на фраерите токму вака да ја изненадат својата девојка по напорниот работен ден.
3. Вежбајте во пар
Согорувањето на масти како предигра? Men’s Health нѐ потсетува дека заедничкото вежбање како трчање може да го зголеми нивото на допамин, што значи ќе се чувствуваме посреќни, а со самото тоа ќе порасне и расположението за секс. Исто така, машката пот по вежбањето емитува андростендион, тестостерон кој ја возбудува жената. Секако, препорачливо е сепак да се истуширате по вежбањето, а забавата ќе биде уште подобра ако тоа го направите заедно!
4. Од комплименти никогаш доста
Анкетата на Men’s Healthво која учествувале 2000 жени покажала дека во креветот најмногу им недостасуваат комплименти. Психотерапевтката Теми Нелсон истакнува дека не станува збор за комплименти во стилот: „Мала, како си добрааа“, или „Ууууу, ама си секси“, тука за понежни и посензуални комплименти поради кои дамите ќе се чувствуваат поженствено и поубаво.
5. Секси масажа на стапалата
Ако дечкото ненадејно одлучил да ви ги измасира стапалата, веројатно дознал дека тоа ги зголемува шансите за оргазам кај жените за дури 30 проценти. До ова сознание дошле холнадските научници од Универзитетот Гронинген. Затоа, ако се уште не сте им предложиле на вашите момчиња да се зафатат со оваа возбудлива предигра, направете го тоа веднаш.
6. Дали си за танц?
Фатете го партнерот за рака и танцувајте до спалната соба. Танцувањето се најде на топ листата на 100 неопходни работи кои според британскиот Maxim се идеални за жешка преигра. Опуштете се, пуштете музика која ќе се вклопи во секси расположението и заводнички заиграјте. Оваа едноставна предигра гарантирано ќе ви ги даде посакуваните резултати.

You must be logged in to post a comment Login