Ако го препознаете во една или повеќе од овие ситуација, му служите само како утеха!
Имате нов дечко и сте заљубени преку уши, но ѓаволот не ви дава мир.
Чувствувате дека тој баш и не е загреан за вас. Откријте дали тој сèуште пати за бившата девојка.
1. Често зборува за неа
Ова е најочигледниот знак дека тој сèуште е загреан за неа. Внимавајте ако нејзиното име премногу често „случајно“ му излага од уста и ја споменува во ситуации каде што и не мора.
Фатете шпринт што подалеку од него кога ќе почне по грешка да ви се обраќа со нејзиното име!
2. Сeуште му е најдобра другарка
Нормално дека нема да приговарате ако со бившата го задржал пријателскиот однос, но ако таа е првата на која ќе и се јави кога ќе посака да сподели добри вести, време е да се загрижите.
3. Ги задржал нејзините подароци
Кажете му дека ви смета што во својата спална соба сеуште чува рамка со нејзина фотографија. Ако несака да ја тргне, тргнете го вие од вашиот живот.
4. Во одличен однос е со нејзината фамилија
Редовен гостин е на вечера кај нејзината мајка? Не звучи добро.
5. Стално ве споредува со неа
Можеби ќе ви олесни кога ќе каже „ти готвиш 100 пати подобро од неа“, но споредувањето со бившата не е нешто поради кое треба да се радувате.

You must be logged in to post a comment Login