Конечно имаме и службен доказ дека романтичната љубов е подеднакво силна и опасна како и зависноста. А овде можете да проверите, дали сте зависни од љубовта?
1. Фаза на привлечност – За вас оваа фаза не се мери во минути туку во наносекунди и наликува на удар од гром од ведро небо. Гледате некој, одлучувате дека е презгоден и вашите чувства летаат према него како ракета. Фијууу!
2. Анксиозна фаза – Да погодуваме? Можеби поминало неколку дена откога се се виделе за последен пат, можеби и 1 недела, на вие веќе добивате мал нервен слом и се прашувате – Зашто барем не прати СМС? Што не е во ред со мене? Што сум сторила? Сигурно сретнал некоја друга!
3. Опсесивна фаза – Вие сте одлучиле! Ќе сторите се да дознаете што се случило со него. Ќе одите или возите до неговата куќа? Сторено. Ќе му го хакирате меилот? Сторено. Ќе му го чепкате неговиот мобиле? Со саати ќе ги пратите неговите другари на Фејсбук или Твитер? Веќе одамна направено.
4. Деструктивна фаза – Вашата врска завршила, пред се поради другата страна дека не успеала да го поднесе вашиот интензитет. Жал ни е и знаеме дека се чувствувате празно и тажно, малку се срамите од себе и сакате да се осветите. Често вашите чувства можат да ве одведат во депресија.

You must be logged in to post a comment Login