Доволни се само неколку безопасни потези за да си поиграте со нивниот ум.
„Драг дневнику, денес толку многу се возбудив кога ја видов во црвен фустан…“. Можете ли да си го замислите своето момче како ги пишува овие зборови во дневникот? Тешко, секако, но верувајте ни на зборот дека овие мисли ќе му се мотаат низ глава ако ги примените овие совети!
Носете црвено
Мажите ја сметаат црвената боја за најсексапилната нијанса. Дали знаето како го открија тоа научниците? Машките испитаници-волонтери ги оцениле жените кои биле облечени во црвено како најотворени за секс.
Откријте ги своите рамена
Изгледа дека овој дел од телото е подеднакво провокативен како и деколтето. Доволен е само еден поглед и мажите да помислат сешто! Заоблените линии на рамената на потсвесно ниво ги потсеќаат мажите на женските гради.
Зачекорете на високи потпетици
Тоа не е (задолжително) последица на фетишот кон стапалата. Делот на машкиот мозок кој комуницира со неговото меѓуножје е покрај делот задолжен за стапала. Така се формира неутрална поврзаност на овие два региона. Затоа и секси пар на чевли го поттикнува на „валкани“ мисли.

You must be logged in to post a comment Login