Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ЛАЈФСТАЈЛ

3 јасни показатели дека си опседната со Instagram

Почнуваш најнапред да ги реализираш работите од твојата to-do листа или прво ги сликаш документите на маса и ги објавуваш на Instagram? • Ако гледањето слики на Instagram е замена за дружбата со пријателите, тоа е јасен показател дека нешто не е во ред.

ГО ОБОЖАВАМЕ Instagram, ама некои луѓе тоа го сфаќаат преозбилно.

Освен Ким Кардашијан, има и обични смртници кои можеме да ги ставиме во групата зависници од Instagram. Постојат 3 јасни показатели дека забавата ја преминала границата и преминала во опседнатост.

1. Работа

Во понеделник наутро… Почнуваш да ги реализираш работите од твојата to-do листа или прво ги сликаш документите на маса и ги објавуваш на Instagram, со наслов од типот на “#одвајчекамвикенд”? Ако припаѓаш на оваа вторава групација, направи пауза и размисли да се одмориш на кратко од социјалните мрежи. Или тие од тебе.

2. Забава

Ако гледањето туѓи слики на Instagram е замена за кафе со пријателите и останат тип на дружење, тоа е јасен показател дека нешто не е во ред. Примарната улога на социјалните медиуми за тебе е да ја ти убијат досадата. Или се чувствуваш лошо во своја кожа, заради тоа што мислиш дека другите имаат подобар живот и се поинтересни од тебе. Но, факт е дека никогаш не ја знаете вистинската приказна која стои зад совршените слики.

3. Излегување

Ако си една од оние која баш на секое излегување мораш да објавиш фотографија за да им ја покажеш на твоите виртуелни пријатели, зависна си! Уште полошо е ако одвај чекаш да дојдеш дома за да можеш на мира да ги разгледаш сите слики за да ги објавиш или ако колаж од фотографиите правиш уште истата вечер за да што поскоро се најдат на твојот профил.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement