Ако сакате во следниот период да го исчистите својот организам од токсини, да го забрзате метаболизмот и да го зајакнете имунитетот, еве совршен пијалок.
Оваа варијанта на коктелот Bloody Mary можете да ја направите со алкохол или без него, во зависност од вкусот и од тоа што планирате да правите по овој кујнски експеримент. Еве го рецептот:
1. Зеленчук
4 зелени домати
2 кисели краставички
1 чешне лук
Прстофат сомелено чили
2. Алкохол
0,5 dl вотка
3. Додатоци
1 исцеден лимон или лимета
Неколку капки табаско сос
Сол и бибер по вкус
4. Зачинет раб
Подготовка:
Солта и биберот истурете ги на тацна. Работ на чашата намокрете го со сок од лимон, а потоа испрпелкајте го во зачините на тацната. Ставете ги во блендер сите наведени состојки и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Чашата украсете ја со зачини и наполнете ја со лед, а потоа истурете го во неа коктелот и украсете ја со половина кисела краставичка и една зелена маслинка.

You must be logged in to post a comment Login