Во комбинација со одредени намирници, обично јајце на око може да стане вистински гурманлук.
Ако едно од омилените јадења ви е јајце на око, дополнете го со одредени намирници и уживајте во вистинска гозба.
Салата со јајце на око
Не само што салатата ќе изгледа одлично кога одозгора ќе го ставите јајцето, туку веднаш ќе добиете еден вид прелив штом ќе ја дупнете жолчката. Обидете се да комбинирате класична зелена салата и пржено јајце на око.
Тост
Јајце на тост е вообичаена комбинација, но зошто да комплицирате кога најдобрите работи понекогаш се многу едноставни? Јајце на око, па уште комбинирано со тост не може да биде грешка, особено ако додадете домат и сирење.
Пица
Постојат намирници кои не се ставаат на пица, но јајце во средината не е на таа листа. Се што треба да направите е да ставите неколку јајца пред да ја ставите пицата во фурната. Изненадувањето ќе биде совршено – белката крцкава, а жолчката мека и вкусна.
Комбинација со тестенини
Сакате јајца и шпагети? Спојте ги со зеленчук и зачинете си го животот со одлично јадење. Зеленчукот може да биде зиво или варено. Јајцето се разбира оди одозгора.
Кељ и јајце
Овој зеленчук е идеален за комбинација со јајца. Кељот може да го испржите со малку сланина и маслиново масло и лук и да го додадете јајцето.


You must be logged in to post a comment Login