Овој сочен колач од чоколадo може да го направите само за 5 минути!
Состојки:
- 2 лажици какао во прав
- 3 лажици брашно
- Малку сол
- 3 лашици шеќер
- ¼ сода бикарбона
- 2-3 лажички масло
- 3 лажици млеко
- ½ лажичка екстрат од ванила
Подготовка:
Чекор 1: Добро измешајте ги сите суви состојки. Полека додавајте ги течните состојки и добро измешајте.
Чекор 2: Смесата сипете ја во мал сад. Ставете го во микробранова 30-40 екунди.
Совет: Доколку сакате да го извадите колачот од садот, пред печењето ставете малку масло, а потоа почекајте колачот да се олади пред да го извадите.

You must be logged in to post a comment Login