• Сподели на:

Торта со три вида чоколадо

___

Состојки 

  • 600ml слатка павлака
  • 150g темно чоколадо
  • 200г бело чоколадо
  • 200g млечнo чоколадо
  • 1 лажица дробени кекси
  • 3 лажици путер

Начин на подготовка 

Растопете го темното чоколадо и измешајте 200ml слатка павлака. Оставете ја смесата 1 час во фрижидер да се лади.

Во друг сад растопете го белото чоколадо со 200ml слатка павлака и оставете ја смесата во фрижидер.

Истото направете го и со млечното чоколадо, измешајте го 200ml слатка павлака и оставете го во фрижидер.

Подлогата за торта подгответе ја така што ќе ги измешате дробените кекси со путерот. Смесата положете ја на дното на калапот за торта.

Кога смесите со чоколадо ќе бидат доволно оладени измешајте ги со миксер, а потоа редете ги на калапот. Во смесите можете да ставите и малку маскарпоне ако сакате да бидат покремави.

По желба декорирајте со шлаг, ореви или кекси.


Оставете коментар

___