Состојки:
-250 гр. макарони
-4 јајца
-3 лажици ајвар
-2 дл. павлака
-1 парче лук
-150 гр. шунка
-75 гр. пченка
-150 гр. кашкавал
-100 гр. шери домати
-50 гр. путер
-2 лажици презла
-босилек
-сол, бибер
-мешан зачин
Подготовка:
1.Макароните сварете ги во солена вода, а потоа изцедете ги.
2.Шунката исечете ја на коцки, лукот исечете го на ситни парчиња, а кашкавалот изрендајте го на крупното ренде. Шери доматите исечете ги на половина.
3.Во поголем сад соединете ги макароните, кашкавалот, шери доматите, шунката, лукот, пченката, босилекот и зачинете по вкус.
4.Посебно изматете ги јајцата, павлаката и ајварот, полека ставете ги во смесата со макарони и измешајте.
5.Садот за печење премачкајте го со путер и додајте ја презлата. Во садот додајте ја смесата и печете во загреана рерна на 200 степени додека не порумени. Печената торта оставете ја да се олади, а потоа послужете ја.

You must be logged in to post a comment Login