• Сподели на:

Свежа пица и тоа три години

___

Изум кој нема да ја засени Италијанската пица, но е дочекан со воодушевување

Кој ако не – Американците, кои ги земале во предвид многуте молби од своите војници на мисии во други земји и креирале рецепт за пица која е можно да биде одржана свежа и до три години. Самата иницијатива е од војниците кои досега како врвен специјалитет ги имаат шпагетите со сос од домати.

Зашто е толку комплицирано да се спреми пица?

Проблемот кај храна која треба одма да се спреми е да се зачува свежината и да се спречи множење на бактерии. Пицата е прилично проблематична со оглед на тоа што во самото тесто се множат многу бактерии.

Две години потребни за изум…пица

Американските научници не отстапиле цели две години од овој пронајдок. Идејата е стварност благодарение на тимот од Naricka од Massachusettsu, кои прототипот го сместиле во херметички затворено алуминиумско пакување.

Какви се резултатите?

Кога ќе се отвори пакувањето самата пица личи на замрзнато парче како до сега, но вкусот не е воопшто лош, можеби како само малку повеќе отстоена пица при закаснета достава. Алуминумското пакување спречува да сирупите кои се користени како шеќер и сол не креираат бактерии. Истиот резултат се постигнува и со сосот од домати и сирењето со разни конзерванси.

И кога може да се проба?

За вакава пица на пазарот ќе се чека уште пола до цела година. Прогнозата е дека ќе постигне гоелм успех, посебно кај војниците кои одвај чекаат да ги симнат од врвот на својата листа шпагетите со домати.

А што ние на ова ќе кажеме? Пристојно како што не учеле: не благодарам.


Оставете коментар

___