• Сподели на:

Супа од домати  со тост од сланина и кашкавал

___

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 голем црвен кромид, ситно исецкан
  • 1 главица лук, ситно исецкан
  • 3 големи домати (околу кг), излупен и исецкан
  • 1 супена коцка
  • ¼ шолја павлака
  • 6 парчиња сланина
  • 2 лажички путер, собна температура
  • 8 парчиња бел леб за тост
  • 1 шолја изрендан кашкавал, по можност Швајцарски
  • Сол и црн бибер, по желба

Чекор 1

Во голема подлабока тава на средна температура ставете го ситно исецканиот кромид и лук, гответе додека кромидот не омекне, околу 4 д 6 минути. Додадете ги доматите и зголемете ја температурата до средно висока. Гответе со повремено мешање околу 4 до 6 минути.

Чекор 2

Додадете ја супената коцка и една шолја вода. Измешајте убаво додека доматите не добијат кашеста форма, околу 10 минути. По потреба изблендирајте ги доматите да смесата биде компактна. Ставете ја супата да врие уште 1 минута и по тоа истурете ја павлата и зачинете по желба.

Чекор 3

Во тава на средна температура испржете ја сланината додека не добие кафеава боја но да не биде крцкава, околу 5 минути. Исушете ја непотребната маснотија на хартија. Со путер премачкајте ги сите 8 парчиња леб претходно испечени на тостер. На 4 парчиња поставете од сланината и посипете со ренданиот кашкавал. Затворете ги со преостанатите 4 парчиња. Послужете ги заедно со супата.


Оставете коментар

___