• Сподели на:

Шпанска пита

___

Состојки:

-100 гр. сланина
-100 гр. шунка
-100 гр. кисели краставички
-100 гр. варен грашак
-100 гр. рендан кашкавал
-1 варен морков
-100 гр. брашно
-4 јајца

Подготовка:

1.Сланината, шунката и краставичките исечкајте ги на коцки. Кашкавалот и морковот изрендајте ги.
2.Во изматените жолчки, додајте ја сланината, шунката и краставиците.
3.Во смесата додајте го грашакот, брашното и изматените белки.
4.Се внимателно измешајте. Смесата ставете ја во тавче кое е прамачкано со масло и печете на 220 степени половина час.
5.Кога питата ќе се олади, исечете ја на коцки и сервирајте.


Оставете коментар

___