Состојки:
– 200 – 250 грама интегрални шпагети
– 250 -300 грама свежи шитаке печурки
– 1 млад кромид
– 2 моркова
– 1 блага пиперка
– 2 ченчиња лук
– 1/3 лимон
– лута пиперка ( по вкус )
– масло од сусам
– 1 лажица балсамико оцет
– сол, бибер
– 2 лажици сусам
Подготовка:
Шитаке печурките спаѓаат во најодгледуваните печурки во светот, заедно со шампињоните и буковката. Богати се со минерали ( железо, калциум, фосфор, магнезиум, цинк … ) и витамини ( најмногу Ц и Б2 ) како и есенцијални аминокиселини.
Исецкајте ги шитаке печурките на средна големина, морковот и пиперката на тркалца, лутата пиперка на ситни парченца, а младиот кромид ( само зелениот дел ) – на ленти со должина од околу 5 см. Лукот ситно исецкајте го. Загрејте вода, посолете ја и кога ќе зоврие згответе ги шпагетите.
Загрејте во големо тавче или вог маслото од сусам и додадете балзамико оцет. Ставете ги печурките и мешајте константо неколку минути. Потоа додадете морков, пиперка и лута пиперка. По една минута додадете сол, бибер, лук и сок од лимон. Мешајте уште 3-4 минути. Готовите шпагети исплакнете ги додадете ги во тавчето со зеленчукот. Помешајте, додадете кромид и оставете уште една минута. На крајот додадете сусам.

You must be logged in to post a comment Login