Состојки:
-едно француско лепче
-300 гр. ситно сирење
-5 шери домати
-маслинки
-магдонос
-бело сирење
-5 парчиња сланина
-3 парчиња лук
-малку маслиново масло
Подготовка:
1. Лебот исечете го на тенки парчиња. Намачкајте го секое парче со малку масло и ставете го лебот во рерна на 200 степени 7 минути. Кога ќе стане крцкав секое парче намачкајте го со лук. За тоа време изпечете ја сланината. На секое парче ставете ситно сирење, печена сланина, пола шери домат, коцкички твро сирење и на крај маслинка. Сето тоа поврзете го со чепкалка.

You must be logged in to post a comment Login