• Сподели на:

Салата со пилешко, грашок и кубети

___

Состојки за 2 лица:

  • 3 кришки леб по избор, без кора
  • 2 кафени лажици маслиново масло
  • 150г печени пилешки гради
  • 70г грашок
  • 1 мала главица кромид, фино исецкана
  • 150г шери домати, пресечина на половина
  • прелив по избор

За да ги направите кубетите, исечете ги кришките на коцки, прелијте ги со маслото и печете ги во загреана рерна 10-15 минути или додека потемнат.

Искомбинирајте ги сите состојки во една голема чинија, и прелијте ја салатата со прелив.


Оставете коментар

___