Состојки:
-1 свежа краставица
-1 зелена салата
-400 гр. варено пилешко бело месо
-1 целер
-100 гр. пченка
-2 дл. павлака
-сок од еден лимон
-мешан зачин
-бибер
Подготовка:
1.Краставицата излупете ја и исечете ја на кругови, зелената салата на тенки ленти, а белото месо на мали коцки.
2.Целерот излупете го и изрендајте го.
3.Во соодветен сад соединете ги краставицата, пилешкото, зелената салата, целерот и пченката. Додајте го сокот од лимон, зачинете по вкус. На крај прелијте jа салатата со изматена павлака и полека промешајте.

You must be logged in to post a comment Login