Состојки:
-400 гр. пилешко месо
-400 гр. брокула
-4 домати
-2 дл. павлака
-100 гр. мајонез
-4 лажици соја сос
-1/2 лимон
-4 лажици масло
-1/2 лажичка лук во прав
-босилек
-сол, бибер
-мешан зачин
Подготовка:
1.Пилешкото месо испрскајте го со соја сосот, а потоа пропржете го на малку масло.
2.Во соодветен сад ставете вода, додајте малку сол, сок од лимон и цветовите од брокула, па варете додека брокулата не омекне.
3.Доматот исечете го на коцки.
4.Во посебен сад измешајте го мајонезот, павлаката, лукот во прав, босилекот и зачинете по вкус.
5.Во поголем сад соединете ги пилешкото, брокулата и доматот, па потоа прелијте ги со претходно подготвениот сос и полека промешајте.

You must be logged in to post a comment Login