Состојки:
-1 прашак за пециво
-250 гр. брашно
-1 јајце
-4 лажици млеко
-4 лажици масло
-150 гр. шунка
-150 гр. тврдо сирење
-150 гр. кашкавал
Подготовка:
1.Измешајте го брашното и прашакот за пециво, додајте го јацето, млекото, маслото, солта, крупно изренданото сирење. Тестото замесете го со рака.
2.Расукајте го тестото во кора со дебелина од 1 см. Со соодветен калап од тестото вадете кругови и на секој круг ставете по парче шунка, малце кашлкавал и малку сирење.
3.Тестото завиткајте го во ролнички, премачкајте ги со масло и печете ги во загреана рерна на 200 степени, 15 минути.

You must be logged in to post a comment Login