• Сподели на:

Пудинг со карамела

___

Состојки за 4 лица:

100гр. чоколадо

180гр. шеќер

4 лажици млеко

1 јајце

75гр. брашно

75гр. трошки

Половина лажичка прашок за печиво

100гр. путер

1,5дл. Слатка павлака

Половина лажичка ѓумбир и сол

Подготовка:

Ситно исечкајте го чоколадото, ставете го во еден сад со млекото, а садот ставете го во поголем сад со вода. Растопете го чоколадото на оган. Матете го путерот со 100гр. шеќер се додека не добиете пенеста смеса. Додајте го ѓумбирот и оладеното чоколадо. Потоа додајте ги жолчката, брашното измешано со прашокот за печиво и трошките, па добро измешајте ги. Изматете ја белката со малку сол во цврст снег и додајте ја на смесата. Смесата префрлете ја во намастен и набрашнет калап за пудинг.

Прекријте го калапот со алуминиумска фолија, ставете го во сад за варење на пареа и варете го 20 минути. Ставете го после останатиот шеќер во една тава, додајте 2 лажици вода и пржете го на умерен оган се додека не добиете карамела. Тргнете ја тавата од оган, додајте ја павлаката и мешајте ја варејќи го сосот на тивок оган околу 5 минути, или додека не започне да се згуснува. Оставете го да се олади и префрлете го во фрижидер. Сервирајте го пудингот со ладниот карамел – сос.


Оставете коментар

___