Состојки:
-8 дл. павлака
-80 гр. путер
-250 гр. чоколадо
-80 гр. мелени лешници
-2 лажици ликер од чоколадо
-3 лажици масло
-силиконски калапи за бонбони
Подготовка:
1.Во соодветен сад соединете ги павлаката и путерот. Гответе на умерена температура.
2.Откако смесата ќе зоврие, додајте 150 гр. чоколадото и мешајте се додека не се стопи.
3.Додајте ги мелените лешници, ликерот и промешајте.
4.Остатокот од чоколадато стопете го на малку масло, премачкајте ги силиконските калапи и почекајте да се стврдне.
5. Потоа ставете ја смесата и оставете да се олади.

You must be logged in to post a comment Login