Состојки:
– 2 модри патлиџани
– 250 грама фета сирење
– 150 грама сув врат
– 1 dl маслиново масло
– 300 грама излупени патлиџани
– ½ праз
– 3 чешниња лук
– 1 лажица шеќер
– 40 грама пармезан
– оригано, сол
Подготовка:
1. Исечете го патлиџанот на листови девели 5 милиметри.
2. Листовите патлиџан од една страна засечете ги за да добиете изглед на мрежа. Потоа гответе ги кратко во солена вода, а потоа извадете ги да се исцедат.
3. Фетата исечете ја на листови.
4. На половината од секој лист патлиџан ставете парче фета и парче сув врат. Ставете и оригано и преклопете ги.
5. Празот и лугот ситно исецкајте ги и пропржете ги со маслиново масло. Додадете излупен и измелен патлиџан и малку вода, динстајте го се додека не се добие кашеста сос. Пред крајот зачинете по вкус.
6. Во стаклен сад наредете ги полнетите патлиџани така што на краевите ќе се преклопуваат. Полијте ги со потготвениот сос и ставете пармезан. Ставете во загреана рерна на 200C да се запече.

You must be logged in to post a comment Login