Состојќи:
100gr брашно
8 лажици мед
1 лажица сусам
1 лажица маслиново масло
200ml вода
Подготовка:
Ставете го брашното во еден сад, постепено сипувајте вода и мешајте за да не се направат грудки. Постепено додавајте половина од медот (4 лажици). Згрејте тефлонска тава, ставете го сусамот и пржите додека не добијат убава жолта боја. Префрлете ги во садот со смесата. Истата тава намачкајте ја со масло, сипете ¼ од смесата на тој начин од не да добиете облик на палачинка. Печете ја палачинката од двете страни додека да пожолти. Повторувајте ја постапката додека ја потрошите целата смеса (вкупно 4 палачинки).
Печените палачинки ставите ги на ладна чинија, премачкајте ги со останатиот мед, посипете ги со сусам и послужете ги.

You must be logged in to post a comment Login