Состојки :
– 700 грама телешки шницли од бут
– 2 моркова
– 2 главици кромид
– 250 мл вода
– 100 мл бело вино
– 1 лажица брашно
– сол, бибел, масло
– ловоров лист
Подготовка :
Шницлите истенчете ги, ставете ги во брашното и пропржете ги на врело масло по минута од секоја страна. Во процедено масло од шницлите ставете ситно сецкан кроми и кругчиња морков, додадете уште малку масло по потреба и динстајте додека не омекнат.
Запржете рамна лажица брашно. Додадете врела вода, вино и зачини, па вратите ги шницлите во сосот. Гответе на ниска температура со повремено мешање додека месото не биде меко, околу 20-30 минути.

You must be logged in to post a comment Login