Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Направете вкусна домашна ресана

Состојки:

За кора:

4 јајца

4 лажици шеќер

4 лажици брашно

За желе:

Околу 3,5 dl цеден портокал

1 пакетче желатин (за ½ литар течност)

3 лажици шеќер

За глазура:

200 gr чоколада

Подготовка:

Направете кора од 4 јајца, 4 лажици брашно и 4 лажици шеќер – се мати се заедно додека смесата добро не се изедначи. Се пече на плех обложен со хартија за печење. Откако кората ќе се олади, со калап или чаша се прават кругови.

Сокот од портокал се цеди, се додаваат 3 лажици шеќер и стопениот желатин направен според упатството. Содржината се исипува во плек со димензии 24 х 34 , обложен со хартија за печење. Кога желето ќе се стегне неколку часа во фрижидер, се прават кругови со калап или чаша, помали од оние претходно. Желе круговите се ставаат врз поголемите кругови направени од кората.

Чоколадата се топи на пареа. Се размачкува во тенок слој на мрсна хартија на површина од 20х30 см, на две места. Кога ќе се стегне, од секоја табла се вадат кругови, со ист или поголем калап од оној за кората.

Калапот се загрева за да можат да се вадат кругови чоколада. Чоколадните кругови се поставуваат врз кората со желе и се ставаат за кратко во рерна, додека чоколадата се стопи колку да се оцрта желето од долу. Оставете глазурата да се стврдне..

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...