СОСТОЈКИ
- Салата од маслинки
- 2 парчиња рамен леб, преполовен по должина
- 4 парчиња мортадела
- 2 парчиња топло месо(по вкус)
- 2 парчиња салама
- 4 парчиња сирење
- 200 гр. рукола, по можност дивa
- 1 лажица ладно цедено маслиново масло
- 1 лажичка свежо исцеден сок од лимон
- Сол
ЧЕКОР 1
Загрејте ги лебчињата на висока температура. Посипете ги со маслиново масло од надворешната страна.
ЧЕКОР 2
На една половина од секоја кришка леб, ставете парче мортадела, парче салама, слој од салатата со маслинки и тенко парче сирење. Во втората половина од лебчето додадете го топлото месо и сирењето. Преклопете и држете додека не се загрее, околу 4-5 минути.
ЧЕКОР 3
Во меѓувреме, ставете рукола во среден сад. Посипете со маслиново масло, сок од лимон и сол.
ЧЕКОР 4
Топлиот сендвич послужете го веднаш со салатата од рукола.

You must be logged in to post a comment Login