Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Маргарин, храна за работната класа

Маргаринот на светската сцена се појавил уште во 1869 година, конструиран како евтина замена за путер за работната класа. Меѓутоа, маргаринот нема ништо заедничко со путерот.

Откако постои земјоделство на земјава, човекот го користел путерот, кој е природен, хранлив и здрав прехранбен производ. Маргаринот е нешто сосема друго, потполно неприроден, штетен производ кој никако не би можел да се нарече – прехранбен производ.

Маргаринот е направен од растителни масла. На висока температура во процесот на цедењето на маслото и ги уништува антиоксидансите во нив, кои можат да предизвикаат сериозни оштетувања на клетките и го зголемуваат ризикот од рак. Потоа на брутален хемиски начин маслото се стврднува, по процесот на хидрогенација или со менување на масни киселини  (естерификација). Во овие процеси се користат опасни хемикалии чии остатоци се пронајдени во готовиот производ на полиците во нашите продавници.

Голем проблем е што и хидрогенизацијата и промената на масни киселини !естерификација) доведуваат до тоа да молекулите на мастите се менуваат во форми кои воопшто ги нема во природните масти и целосно се непознати за нашиот метаболизам. Манотиите градат клеточен ѕид кој според Брус Липтон, меѓународно познатиот научник во областа на клеточната биологија,  е главен дел на келиите, бидејќи овозможува комуникација на келиите со околината. Ако во неа се вклучат неприродни масти од маргарин, таа не работи на нормален начин.

Во процесот на хидрогенизација, маслото се третира со водород, со помош на никел како катализатор. Како резултат на овој процес доведува до формирање на транс- масти кои  докажано се многу штетни за здравјето. Индустриските транс – масти го зголемуваат ризикот од дијабетес, рак , срцеви заболувања и оштетување на фетусот. Освен во маргаринот, може да се најде во многу видови пецива, бисквити и колачи, сладолед, чоколадо и чипс.

Промена на масни киселини (естерификација) значи дека молекулите на мастите се разбиваат и повторно се поврзуваат со принципот на случајност со помош на натриум – метилат. Тука не се создаваат транс – масти, но мастите кои настануваат сосема се разликуваат од природните масти и за нашиот организам се непрепознатливи. Како мастите учествуваат во голем број на важни биохемиски процеси во организмот, така овие изобличени масти предизвикуваат разни пореметувања и доведуваат до болести. На пример, стврднато палмино масло (честа состојка во маргарините) може да придонесе за тромбоза (згрутчување во крвта).

Со овој премин во цврста конзинстенција маслото скапува и толку мириса што овој намаз (маргарин) мора да се исчисти со пареа. Со помош на каустична сода и хемиски средства за белење овој производ се осветлува за потрошувачите да не ја забележат неговата грда сива боја. Ако нешто витамини и минерали останале по стврднувањето на мастите, овој последен процес  на перење и белење целосно ги уништува. Останува безлична маса, на која на крајот и се додава вештачки вкус и боја за да личи на путер.

Остатоците од следниве опасни хемикалии може да се најдат во готовиот производ – маргарин:

  • екстракција бензин хексан, во одредена количина експлозивен, штети на нервите;
  • ацетон, запалива материја, штетна за мозокот и нервите;
  • фосфорна киселина, силна и опасна киселина;
  • каустична сода;
  • метал никел катализатор кај хидрогенација;
  • метанол (се создава од натриум – метилат во естерификација);
  • средства за белење;
  • PHA полиароматски јаглеводи (една од канцерогени супстанци).

Дел од обие хемикалии се користат во процесот за производство, а дел се прави како резултат на хемиските реакции во тој процес. Еден дел од хемикалиите доаѓа дури од бродовите за транспорт на сировини, бидејќи во истите резервоари се превезуваат хемикалии ( на пример хемиски растворувач) и масло од кое се прави маргарин.

Повеќето научни студии ја покажуваат врската помеѓу конзумацијата на маргаринот и алергиите, екцемите,астмата,алергиското течење на нос и колитис кај децата.

Како што маргаринот содржи премногу омега 6 маснотија од билни масти, со тоа се допринесува нерамнотежата помеѓу нашата конзумација за живот важни групи на масни киселини, омега 3 и омега 6. Нерамнотежата  помеѓу овие две масти е вообичаена поради преголем внес на омега 6, која се наоѓа во голем број намирници и билни масти, додека омега 3 се наоѓа само во плавата риба, месото на животни кои природно пасат и јајца од кокошка која слободно се движи и сами наоѓаат своја храна. Оваа нерамнотежа (повеќе омега 6) предизвикува  разни процеси во телото, што е причина за многу хронични заболувања на модерниот човек.

Маргаринот е потполно неприроден производ преполн со опасни хемикалии, брутално изманипулиран на молекуларност, кој предизвикува маснотија на човечкиот организам.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...