• Сподели на:

Maли трикови за подготовка на велигденските јајца

___

Ви откриваме неколку тајни како најлесно и најдоборо да ги подготвите велигденските јајца.

Купете јајца стари неколку недели

За фарбање на јајцата важи правилота да се купат помалку свежи јајца. Кога јајцата се стари неколку недели, полесно се варат и лупат. Ако купите свежи јајца немојте да заборавите при варењето да ставите една лажичка сода бикербона.

Пред варење јајцата чувајте ги на собна температура

Јајцата кои се чувани на собна температура нема да пукаат за време на варењето.

Исклучете ја ринглата и поклопете го тенџерето

Откако водата ќе зоврие, исклучете ја ринглата и покријте го тенџерето. Оставете јајцата да се варат околу десет минути во топла вода. Така ќе ја избегнете можноста да ги преварите.

Внимателно поместувајте ги јајцата

Користете лажица со која ќе ги пренесете јајцата од врелата вода во друг сад.


Оставете коментар

___