Време на подготовка: 25 минути / ќе послужите: 2
- 600 грама тортелини со сирење
- 200 грама чери домати
- 150 грама димена свинска печеница
- 100 грама непечен бадем
- 1 брокула
- 2 лажички сецкан босилек
- 2 лажички пармезан
- 2 лажички сецкан магдонос
- 2 чешниња лук
- 1 дл маслиново масло
- Мешавина од зачини по желба
- Сол и бибер по желба
Чекор 1
Тортелините се варат во солена вода околу 7 минути. Кога ќе бидет тврдо сварени исцедете ги. Бадемите обарете ги и исецкајте ги на листови. Цветот од брокула исчистете го од листови, ситно исецкајте на стебленца и кратко проварете во солена вода, малку да омекнат.
Чекор 2
Чери доматите исецкајте ги на половина а свинската печеница на парченца.
Чекор 3
Посебно исецкајте ги и измешајте заедно, лукот, босилекот и магдоносот, во сместата додајте го пармезанот. Истурете малку маслиново масло и се заедно истолчете во аван додека да се добие кремаст сос.
Чекор 4
Во поголем сад ставете ги тортелините, чери доматите, бадемите, брокулите и печеницата. Додадете зачини по желба, прелијте со претходно припреманиот сос и полека измешајте.

You must be logged in to post a comment Login