Подготовка:
1. Тортелините обарете ги во солена вода, а потоа исцедете ги. Бадемите обарете ги и исечете ги на листови. Цветовите на брокулата одвојте ги и кратко бланширајте ги во солена вода за да омекнат.
2. Шери домат исечете го на половина, и свинска печеница на резанки.
3. Посебно соединете лук, босилек, пармезан и першун. Додадете маслиново масло и истолчете го сето тоа за да се добие фина крема.
4. Во поголем сад, соединете ги тортелините, шери доматите, бадемите, брокулите и печеницата. Додадете зачин по вкус, прелијте со припремениот сос и полека промешајте.

You must be logged in to post a comment Login