• Сподели на:

Лазањи со месо и домати

___

Состојки:

200 г мешано мелено месо

1 кромид (ситно сечкан)

1 лажица путер (околу 20 г)

1 лажица брашно (околу 20 г)

300 мл млеко

малку вегета, сол, црн пипер и оригано

1 пачетче лазањи (користевме домашни и свежи лазањи купени на зелен пазар)

Подготовка:

Во сад на оган, растопете го путерот, додадете го брашното и мешајте пола минута. Внимателно сипете го млекото, зачинете со вегета, бибер и оригано и оставете го на оган уште неколку минути се додека не ја добие потребана густина..

На малку масло за готвење и сипете го ситно сечканиот кромид. Оставете го малку да се запржи и додадете го меленото месо. Зачинете по желба, додадете го излупениот и ситно исечкан домат и оставете го неколку минути на оган да крчка.

Садот во кој ќе ја печете лазањата намачкајте го со малку масло за готвење. Ставете ред од домашните свежи лазањи (ние ги купиме на зелен пазар, на тезгата каде се продаваат кори и кадаиф, многу се повкусни и поевтини).

Врз лазањата сипете од белиот бешамел сос, ставете од меленото месо, наросете малку рендан кашкавал и повторно ставете ред од лазањата. Постапката повторете ја уште четири до пет пати (во зависност колку ви собира во садот за печење).

Врз последниот слој лазања, ставете од преостанатиот бешамел сос и нарендајте слој кашкавал.

Лазањата печете ја во загреана рерна, на 220 степени околу 15 до 20 минути или се додека кашкавалот не порумени. Оставете ја неколку минути да се олади, виљушката во раце и кркајте.


Оставете коментар

___