Состојки:
-500 гр. брашно
-500 гр. сирење
-30 гр. маргарин
-1 свеж квасец
-1 дл. млеко
-1 лажичка шеќер
-4 дл. масло
-сол
За фил:
-2 дл. павлака
-100 гр. маринирани шампињони
-80 гр. сув врат
Подготовка:
1.Во мал сад соединете ги млекото, свежиот квасец, eдна лажица брашно и шеќерот. Состојките измешајте ги и смесата оставете ја на топло додека да стаса.
2.Во сад за мешање ставете 250 гр. брашно, додајте го стасаниот квасец, маргаринот и сирењето. Потоа постепено додавајте го преостанатото брашно и мешајте рачно се додека тестото не почне да се одвојува од прстите. Замесеното тесто оставете го да нарасне.
3.Нараснатото тесто истенчето го со помош на сукало на дебелина од 1,5 см. Со помош на калап во обик на круг, вадете кругови од тестото. Средишните делови од кругот малку притиснете ги за да направите вдлабнување.
4.Крофните пржете ги во врело масло деодека да поруменат. Оставете ги да се оладат, а потоа во средишниот дел ставете по една лажица од подготвениот фил.

You must be logged in to post a comment Login