Состојки:
-250 гр. компир
-150 гр. млад лук
-8 дл. пилешка супа
-30 гр. путер
-5 лажици масло
– 3 дл. јогурт
-2 лажици лимонов сок
-200 гр. шампињони
-4 парчиња леб
-мешан зачин, сол, бибер, босилек
Подготовка:
1.Младиот лук исечете го на кругови, компирот и парчињата леб исечете ги на мали коцки, а шампињоните на листови.
2.На загреан путер пропржете го кромидот, додајте го компирот и пилешката супа, па оставе да се динста додека компирот не омекне. Потоа целата смеса соединете ја во блендер и повторно вратете ја во садот.
4.Во подготвената смеса, додајте го јогуртот, шампињоните и зачинте по вкус.
5.На мало количество на масло пропржете ги коцките од леб и босилекот, па потоа додајте ги во чорбата.
6.Пред да ја послужите чорбата, додајте го сокот од лимон.