Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Колач со нутела и банана

Состојки :

  • 2 шолји брашно
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 лажица сол
  • ¼ шолја путер
  • ¾ шолја шеќер
  • 2 јајца
  • 1 ¼ шолја пире од зрели банани
  • ⅓ шолја млеко
  • 1 шолја нутела, омекната

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 ⁰С. Малку подмачканиот плех обложете го со хартија за печење. Во сад измешајте го брашното, сода бикарбоната и солта. Во друг сад ставете го путерот, шеќерот и изматете го кремасто. Додека го матите, додавајте јајце едно по едно и добро измешајте. Потоа додајте ја бананата и млекото. Кога сите состојки се добро измешани, додајте ја мешавината со брашното. Додајте нутела и намалете го миксерот на наспора брзина. Нема потреба нутелата долго да се микса, дозволете вкусната нутела да направи ефект на мермер во смесата.

Истурете го тестото во плехот и печете го 50-55 минути. Кога колачот ќе се испече, оставете го да се олади пред сервирање.

Овој колач е совршен за доручек или можете да го послужите на вашите гости со попладневниот чај.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...