• Сподели на:

Киндер торта со крем банани

___

Состојки потребни за кората: 10 белки, 10 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 1 лажица масло, 200 gr ораси и 200 gr еурокрем.

Состојки потребни за фил: 10 жолчки, 200 gr шеќер, 2 кесички пудинг од ванила, 5 лажици брашно, 250 gr маргарин, 100 gr чоколадо, 5 крем банани, 300 gr плазма кекс, 200gr слатка павлака, 1 литар млеко.

Начин на подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот, додајте го брашното и маслото, па потоа изматената смеса ставете ја во плех на веќе загреаната фолија и 200 грама исецкани ораси. Кората печете ја на 180 степени 25 минути. Испечената кора превртете ја во чинија. Потоа топлата кора прелијте ја со 200 gr крем и оставете ја да се олади.

За филот, одвоите од литро млеко 10 лажици, а остатокот млеко ставете го да заоврие, а потоа спремете ги жолчките, брашното, пудингот и десетте лажици млеко и сите тие работи ставете ги во зовриеното млеко и оставете малку да провријат. Кога згуснатата маса малку ќе се олади, додајте изматен маргарин. Изматената маса поделете ја на два еднакви делови па во еден додадете стопено чоколадо, а во другиот 5 ситно исецкани крем банани.

Филување на тортата, прво оди кората со еурокрем, потоа жолтиот фил, потоа плазма кексот кој се нанесува тенок слој, потоа темниот фил, а најгоре ја исилуваме со изматена слатка павлака.

Тортата е премногу вкусна и не е потребно многу време да се спреми.

15731-kinder-torta-sa-krem-bananicama-4


Оставете коментар

___