• Сподели на:

Карамели

___

Состојки:

-450 гр. шеќер

-6 лажици млеко во прав

-50 гр. путер

-175 гр. чоколадо за готвење

Подготовка:

1.Во сад соединете ги шеќерот  и млекото во прав, загрејте ги на умерена температура и мешајте се додека масата не се стопи.

2.Додајте го ренданото чоколадо и путерот и продолжете со готвење на умерена температура се додека не добиете компактна смеса.

3.Пред крај, гответе неколку минути на висока температура со непрекинато мешање.

4.Во правоаголен калап премачкан со путер, ставете ја смесата. Оставете ја да се олади, а потоа исечете ја на коцки со посакувана големина.


Оставете коментар

___